Мицкоски кажа дека ова е уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција.
„Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект. Така што еве, јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат. Така што во таа насока е и овј проект. Што се однесува до Владата ние продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми во суштина и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра.Премиерот ги објави карактеристиките на новоизградениот капацитет, нагласувајќи ја неговата намена“, рече Мицкоски.
Базенот е со вредност од 46.700 милиони денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри og должина од 25 метри“, соопшти Мицкоски.
Шефот на владата порача дека динамиката на отпочнување и реализација на инфраструктурните проекти ќе продолжи со исто темпо.
„Посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат“, напиша Мицкоски на фејсбук.
Тој подвлече дека централниот буџет обезбедува силна финансиска поддршка за сите општини преку координирани програми на ресорните министерства.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра“, дециден е премиерот.
Министерот за спорт Борко Ристовски ја истакнаа важноста на инвестициите во спортската инфраструктура како предуслов за развој на спортот, рекреацијата и здравите животни навики кај младите.
„Министерството за спорт продолжува со реализацијата на сите оние капитални проекти коишто беа заостанати. Имаме обврска да ги завршиме проектите кои ги затекнавме на почеток на градба и да ги ставиме на располагање на граѓаните. Ова е шестиот базен кој Министерството за спорт го завршува или е во завршна фаза, а ја почнуваме и изградбата на базените во Струмица и во Кавадарци. Продолжуваме да инвестираме во она што сметаме дека е најважно, а тоа е спортската инфраструктура – рече министерот Ристовски нагласувајќи дека ваквите инфраструктурни проекти имаат голема важност. „Ова е еден од оние проекти кои имаат не само спортска, туку и многу поголема важност бидејќи тие се наменети првенствено за најмладите, да пливаат, да спортуваат и да учат вистински вредности“, додаде министерот.
Од Општина Карпош посочија дека базенот ќе биде наменет за учениците и спортските клубови за млади пливачи со цел сите дечиња од општинските основни училишта, на возраст до девет години да научат да пливаат.
„Општината во најскоро време ќе донесе одлуки за моделот на функционирање и управување со базенот, со цел да се обезбеди негово ефикасно, одржливо и рационално користење. Грижата за младите и спортот останува наш врвен приоритет“, порачаа од Општина Карпош.






