Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекуваат услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.






