среда, 25 јуни 2025

Муцунски нa 30-годишнината од Дејтонскиот договор: Дипломатијата може да ги сопре куршумите

Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата, поддржана со единство и решителност, може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи. Мирот не е крајна дестинација – тој е дисциплина. Процес. Одговорност. Одговорност која мора постојано да се негува, брани и обновува пред новите безбедносни закани.

Објавено на

часот

Сподели

Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.

„Ми беше чест да се обратам на овој важен настан, каде што зборував за значењето на договорот за регионалната стабилност, за важната улога на САД во тој процес, како и за придонесот на нашата држава во зачувувањето на стабилноста и учеството во НАТО Алијансата“, објави на неговиот фејсбук профил Муцунски.

Тој нагласи дека водството на Америка не е само добредојдено – тоа е незаменливо.

„Кога САД преземаат иницијатива, Алијансата стои посилна. Потенцирав и дека Западниот Балкан доживеа суштинска трансформација откако НАТО ги отвори своите врати – и затоа што Вашингтон подаде рака. Ние активно придонесуваме во Алијансата и чекориме заедно напред. Зашто за нас, НАТО не е само безбедносна структура – тоа е морален компас“, напиша министерот Муцунски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ