четврток, 30 април 2026

Милионите не смеат да бидат предизборна валута, ЦГК препорачува строга заштита на јавните пари

Да се ревидираат и да се засилат правилата за заштита на јавните ресурси во предизборните периоди, со воведување на поригорозни правила за трошење и за промовирање јавни проекти, е едена од шестте препораки што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), а произлегуваат од неодамнешното истражување на владините трансфери за инфраструктурни проекти во општините во пресрет на последните локални избори.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од ЦГК, изградбата и подобрувањето на локалната инфраструктура треба да се заснова врз предвидлива политика и стратешко, повеќегодишно планирање и трошење според среднорочна буџетска рамка – независно од изборните циклуси.

„Повеќегодишните проекти треба да имаат обезбедено стабилно и обврзувачко финансирање, со цел намалување на ризиците за одолговлекување и незавршување на проектите и загрозување на финансискиот кредибилитет на општините. Да се гарантираат еднаков пристап и правична распределба на средствата за сите општини и жители, земајќи ги предвид и индикаторите за регионална, развојна и социјална рамнотежа“, се наведува во препораките на ЦГК.

Оттаму додаваат дека „развојноста“ на проектите треба да се вреднува според нивното реално влијание, одржливоста и социо-економските ефекти, а не само според времетраењето на финансирањето.

„Да се зголеми транспарентноста за доделувањето и за спроведување на проектите, преку јавно објавување на оценките од евалуацијата на проектите, на причините за прифаќање и за одбивање на апликациите, одобрените, договорените и исплатените износи, напредокот во реализацијата, спроведувањето на јавните набавки за проектите и ревизорските извештаи“, пишува во денеска објавените препораки на Центарот за граѓански комуникации.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ