сабота, 15 ноември 2025

Мицкоски: Средбата со кралот Чарлс III е поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности

Средбата со Неговото кралско величество, кралот Чарлс III беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои кралот со години им посветува големо внимание, напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил по средбата со британскиот крал, а во рамките на неговиот престој во Лондон по повод самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, напиша Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира британскиот премиер Кир Стармер, Мицксокси ќе оствари повеќе средби, за кои како што е најавено, ќе бидат насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што започна вчера во Лондон.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, учествуваат на голем број состаноци.

На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се и повеќе билатерални средби на претседателот на Владата.

На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и ќе бидат дефинирани приоритетите за наредниот период во рамките на регионалната интеграција на Западен Балкан.

Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ