сабота, 6 јуни 2026

Мицкоски: Од институција во долгови, ИЈЗ денес инвестира во опрема и инфраструктура

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на во отворањето на Психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди. За време на настанот беше презентирана и набавената нова опрема, лабараториите и мерната  станица на Институтот за јавно здравје.

Објавено на

часот

Сподели

„Од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а сведоци сме за оние ревозирски извештаи од минатото од кои се гледа дека оваа иснтитуција служела за сѐ, само не за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје. Би сакал да се заблагодарам на директорката која што со своето залагање придонесува секој ден да имаме пријатни изненадувања од оваа институција, да се заблагодарам на министерот, на луѓето во министерството, на директорот на здравствениот фонд за поддршката за цело време што ја даваат во оваа институција и се разбира најголема благодарност до вработените во Институтот за јавно здравје, до сите оние кои што се борат, се трудат, работат тука секојдневно за да постигнат резултат повеќе. Тие се оние херои коишто треба да им одадеме една голема благодарност“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ