Премиерот Мицкоски придружуван од вицепремиерот Изет Меџити и од министерката за образование Весна Јаневска претходно положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто.
Попладнево, како што е најавено, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе ја предводи партиска делегацијата во состав: претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и заменик-министер за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулески и ќе положи цвеќе во Ташмаруништа, Струшко.
Централната манифестација по повод Илинден ќе се одржи на „Мечкин Камен“ во Крушево, каде ќе се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.






