За време на седницата, како што информираат од Општина Чаир, се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа, со посебен фокус на улогата на општините во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди.
„Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на нашата држава. Во овој процес, локалната самоуправа има незаменлива улога како алка што ги поврзува реформите со конкретните потреби на граѓаните и ги доближува европските стандарди до локално ниво“, изјави Меџити.
Во рамки на средбите и дискусиите, се вели во соопштението, посебно внимание се посветува на патот кон членство во Европската Унија, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната самоуправа во исполнувањето на европската агенда на државата.






