сабота, 6 јуни 2026

Македонско маслиново масло освои златен медал на престижен меѓународен натпревар во Амстердам

Маслиновото масло на Олив гарден (Olive Garden), произведено целосно во Македонија, освои злато во конкуренција на повеќе од 200 масла од 20 земји. Македонското екстра девствено маслиново масло на брендот Olive Garden освои златен медал на престижниот Amsterdam International Olive Oil Competition, еден од најзначајните светски натпревари за оценување на квалитетот на маслиновите масла.

Објавено на

часот

Сподели

Од Oлив гарден информираат дека нивното масло, произведено целосно во Македонија, било оценувано од интернационален панел составен од високо обучени дегустатори на маслинови масла, кои преку професионална сензорска анализа ги утврдувале квалитетот, аромата, вкусот и останатите карактеристики на производите.„Во конкуренција на повеќе од 200 масла од 20 земји, првото македонско маслиново масло целосно произведено во Македонија постигна неверојатен историски успех“, велат од Olive Garden.

Ова признание доаѓа само неколку месеци по успехот што македонското маслиново масло го оствари и на меѓународниот натпревар во Загреб, што претставува дополнителна потврда за квалитетот на домашното производство и потенцијалот на Македонија во оваа земјоделска гранка.

Од компанијата нагласуваат дека квалитетот на маслиновото масло не зависи од амбалажата, јазикот или писмото на етикетата, туку од неговите органолептички својства, начинот на производство и грижата вложена во целиот процес – од маслинката до финалниот производ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ