Беше соопштено дека изборниот молк не бил почитуван, а штабовите биле отворени. Нивни набљудувачи не биле пуштани, и имало низа притисоци по СМС и во живо.
„Во изборната единица 3 во неколку општини, се направени анонимни повици кон наши активисти и кандидати на кои е понудено одреден број гласачи од ромска етничка заедница да гласаат за одредена сума на пари. Претпоставуваме дека разговорите се снимени“, велат од Левица.






