понеделник, 7 јули 2025

Кумановското обвинителство се откажа од гонење на градоначалникот Димитриевски

Основниот суд Куманово одлучи да го отфрли обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. Димитриевски беше обвинет лани во април за злоупотреба на службената положба, затоа што Советот донесе суспензија на деталниот урбанистички план.

Објавено на

часот

Сподели

„Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување известува дека на 1 јули годинава, донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на член 402 став. 1 точка. 3 од Законот за кривична постапка, затоа што јавниот обвинител со поднесок од 30 јуни годинава се откажа од обвинението“, соопшти Основен суд Куманово.

Градоначалникот Максим Димитриевски беше обвинет лани во април за злоупотреба на службената положба, затоа што Советот донесе суспензија на деталниот урбанистички план. Во рочиштата кои беа одржани изминатив период, сопственици на градежни компании се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата.

Градоначалникот Димитриевски кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење.

Завршните зборови беа закажани за утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ