четврток, 26 март 2026

Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира

Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски најави дека пругата Скопје-Кичево ќе биде реконструирана со фокус на животната средина и на екологијата така што ќе биде целосно електрифицирана со што загадувањето ќе биде значајно намален.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент постоечка железница постои кон Скопје преку Тетово-Гостивар до Кичево. Меѓутоа таа години наназад не е во функција. Оваа делница ќе биде целосно реконструирана и ќе биде целосно електрифицирана“, рече Ивановски.

Тој потенцираше дека за година дена до две ќе има зрел проект со цел државата да може да тендерира и да почне целосна реконструкција од Скопје завршувајќи до Кичево со што рокот за завршување би бил во периодот од 2031-2032 година.

„Градењето пруги е комплексна работа. Не е само желба да се гради. Има многу студии коишто претходно мора да биде изработени, да бидат направени, да се запази екологијата, да се запази исплатливоста, да се одреди самата траса каде ќе се случува, тоа во соработка со европските банки се случува овој период со надеж дека некаде помеѓу година и пол две ќе имаме зрел проект и државата ќе може да тендерира и да почне целосна реконструкција од Скопје кон Гостивар-Тетово завршувајќи до Кичево“, истакна Ивановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ