Ивановски посочува дека има прогрес од 35 проценти на предвидените работи на делницата во должина од 34 километри.
„Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34 километри. Прогрес 35 проценти. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности“, напиша Ивановски.
Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а како што велат од Министерството за транспорт, следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на Изведувач исто така за делницата Крива Паланка-до границата со Бугарија.
„Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот“, велат од Министерството за транспорт.






