вторник, 17 јуни 2025

Истрага за дивоградба во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по пријава од група граѓани, извршил проверки и донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула” во Чаир, соопшти Основното јавно обвинителство-Скопје. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба.

„По наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментална фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно избетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрум до шестиот кат, како и ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови со блок тула“, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот-дивоградба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ