Како што соопшти РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.
„Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење“, велат од РКЕ.






