петок, 18 јули 2025

Гори мешана шума во Старо Нагоричане

Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од територијалната противпожарна единица од општината и од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“.

Објавено на

часот

Сподели

Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски информираше дека пожарот избувнал вчера после 13 часот.

„На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од Национални Шуми. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме. Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми“, изјави Трајковски.

РЦУК Куманово пренесува информација и за пожар во липковско Ваксинце, каде горела сува трева на која интервенирале пожарникари од Куманово. Кумановските пожарникари интервенирале и на сообраќајна несреќа на улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње во Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ