„Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани. Во овој контекст, нагласувам дека проширувањето на Европската Унија ја надминува димензијата на политичкиот процес. Тоа претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и кохезијата на целиот европски континент“, наведува Гаши.
Македонија, се посочува во честитката, останува непоколеблива во својата ориентација и стратегија за европската интеграција, демонстрирајќи постојано институционална одговорност, демократска култура и искрена посветеност на реформите, дијалогот и добрососедството.
„Овој пат е политичка аспирација, но и изразување на нашето длабоко убедување дека иднината на земјата природно е дел на европското семејство“, вели Гаши.
Собранието на Македонија останува посветено на унапредувањето на демократските реформи, зајакнувањето на институциите и подобрувањето на интеграциските процеси, со уверување дека европската интеграција претставува гаранција за долгорочна стабилност, демократски развој и благосостојба на нашите граѓани и регионот.
„Во духот на 9 Мај, ја реафирмираме вербата дека европската иднина се гради врз солидарноста, довербата и заедничката визија за една посилна, побезбедна и пообединета Европа“, се вели во честитката по повод 9 Мај – Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши.






