„Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече Филипче.
Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДОМНЕ и кај нив се буди чувство за промени.
„И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не само на избори, туку во начинот на размислување, во начинот на политичко дејствување”, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира.
„Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина. Нека каже Мицкоски еден реален проект или политика со која направи нешто добро за луѓето. Нека каже само еден – нема таков”, нагласи Филипче, додавајќи дека освен што се сликаат со проектите од СДСМ, завршени патишта 90%, ништо друго не направија.
Лидерот на СДСМ на граѓанската трибина рече дека неговата партија секогаш ја третирала државата како заеднички дом, а не како ВМРО-ДПМНЕ што ја третираат, „како Белата палата, своја зграда изградена од криминал”.






