„Од памтивек, на нашите предци земјата им била сѐ! Обработката барала знаење, физичка сила и добри временски услови. Денес, ЗК Пелагонија, благодарение на своите вработени стручни во областа, на најмодерната механизација, на квалитетните семиња…ја прави оваа стопанска гранка, најсилната алка во живеењето под ова македонско сонце. Благодарение на нашите насади со пченка, пченица, јачмен, сончоглед, многу индустрии го продолжуваат својот работен век”, рече Белешовска.

Министерот Хоџа изјави дека се вложуваат максимални напори Министерството да биде силен партнер на сите засегнати страни.
„Министерство го поддржува производството на житни култури, а јас искрено се радувам секогаш кога присуствувам на настан кој симболизира успех, завршен циклус, иднина. Денеска присуствуваме на свечено започнување на жетвата на полињата на ЗК Пелагонија“, изјави Министерот Хоџа.

Денови на жетва – Жито за живот, е прв ваков настан којшто е во организација на ЗК Пелагонија.
„Во иднина и менаџментот, но и вработените, ќе се потрудат ова да биде традиција со помош на која, секоја година, богатата жетва од плодната Пелагонија, ќе се слави во присуство на пријатели и соработници. Годинава на земјата на ЗК Пелагонија, беа посеани 6000ха пченица, 1300ха јачмен, 5000ха пченка и 2500ха сончоглед. Благодарение на овие бројки, многу други индустрии продолжуваат непречено да работат. Плодната земја, стручни кадри, квалитетни семиња, модерна агромеханизација е формулата со која ЗК Пелагонија успева да обезбеди храна за цела Македонија“, информира ЗК Пелагонија.






