Прекините се планирани како што следи во експозитурите:
на 16 јули (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе банка ќе работат со скратено работно време од 8 до 12 часот;
на 17 јули (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија;
на 19 јули (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 8 до 16 часот.
Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе банка Македонија ќе биде на 17 јули.
Картички, ПОС терминали, АТМ-и ќе функционираат непречено, во наведениот период; краткотраен прекин не подолг од еден (1) час се очекува само во работењето со картичките на ден 17 јули (сабота), рано наутро, по полноќ од 2 до 3 часот.
Дигиталните канали (Електронско банкарство, Мобилно банкарство, СМС известување) на 16 јули (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14 до 17 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на промет во земјата и странство ќе бидат во прекин. Целосен прекин кај овие апликации се очекува во период од 16 јули (петок), 17 часот и во текот на викендот, заклучно со 18 јули (недела).
Банката ќе даде дополнително известување кога повторно ќе бидат ставени сите апликации во функција.
Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување, соопшти Шпаркасе банка.






