Менаџерското осигурување, исто така, е начин за намалување на одливот на вработените и нивно заминување во конкурентски бизниси.
Така, менаџерското осигурување стана современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата и нивно задржување, затоа што во основа загубата на вработените, вклучително и менаџерите може да предизвика финансиски и деловни загуби за компанијата.
Животното осигурување на клучниот кадар е застапено и во Македонија, а една од компаниите која го нуди овој вид осигурување е Кроациа осигурување – живот. Како компанија што веќе има богато искуството во создавање полиси за животно осигурување на менаџерски кадри, велат дека предностите од ова осигурување се големи и за вработените и за компаниите.
„Компаниите во Македонија сѐ повеќе ја препознаваат важноста на човековиот потенцијал, значајноста на вложувањето во своите кадри, нивното привлекување и мотивација. Сѐ повеќе компании склучуваат животно осигурување за своите вработени знаејќи дека тие претставуваат најзначаен ресурс и тоа се враќа со позитивен одговор од вработените”, велат од Кроациа.
Менаџерското животно осигурување од Кроациа претставува алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, бенефит во форма на финансиски бонус, ја зголемува посветеноста кон компанијата а истовремено овозможува и врвна осигурителна заштита и покритие. Траењето на осигурителната полиса е прилагодливо на потребите а осигурената сума се креира во зависност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси.
Светските истражувања утврдиле дека менаџерите кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат, обезбедуваат постојан раст на бизнисот а задоволството произлегува пред сè од чувството на сигурност што компанијата го обезбедува за својот менаџер.
Комерцијален текст






