CINEPLEXX започнува со градежните активности за мултиплекс кино, со површина од приближно 3.000м2 и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кино технологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на CINEPLEXX.
„Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто кино искуство и сме многу горди што наскоро истото ќе биде достапно и на нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живот во Скопје“, изјави Лангхамер.

„Многу сме среќни што единствениот кино простор го отстапивме на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, CINEPLEXX, обезбедувајќи најсовремено уникатно кино искуство за нашите посетители. Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар Ист Гејт Мол и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот“, рече Давков.
Инаку, првото кино CINEPLEXX во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реализирано во соработка со групацијата БАЛФИН.
„Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата БАЛФИН, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012 година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино. Тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава. Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно“, додаде Лангхамер.
Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година. Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност.
„Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство“, изјави Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX.






