Тој нагласи дека ова е само почеток и додаде дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу шесте земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.
„Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.
Тој најави и продлабочување на соработката меѓу овие земји, инвестиции во мрежа и инфраструктура, така што, посочи, квалитетот и брзината на комуникацијата ќе се зголемуваат уште повеќе.






