„Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу 6 месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут. Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа”, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Во првата фаза РКЕ ги извести трговците за постоење на причини за отпочнување на постапка за одземање на лиценци, по што во рок од 7 дена три од четири трговци на големо со мазут доставија одговор на нашето известување и тоа Ли Оил, Супертрејд и РКМ, додека Пертинакс не достави. Трговците на големо со мазут во одговорите објаснуваат дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донесе во април 2021 годинава е без период за прилагодување на компаниите со новите промени. Трговците објаснуваат дека состојбата со коронавирусот ја отежнала работат во тој период и го намалила капацитетот на вработените.
Дел од компаниите тврдат дека веќе ги обезбедиле неопходните резерви, а дел побараа и максимален рок од 6 месеци за да се усогласат






