среда, 15 април 2026

По стоте денари плата, следува втората рата – цела плата за вработените во „Солидарност“

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на  „Солидарност“ Александар Трајков денеска изјави дека се надминати финансиските проблеми и дека парите се обезбедени од тековните извори,преку наплатата на побарувањата за извршените услуги кон граѓаните и кон правните субјекти.

„Платите во нашето претпријатие вообичаено се исплаќаат на крајот на тековниот месец за претходниот, а овојпат го надминавме рокот за десетина дена затоа што во мај и јуни имавме плаќања за судски извршувања за околу 1,3 милиони денари, што нѝ ја наруши финансиската состојба. Причина за таквата ситуација се натрупаните долгови за регрес за годишен одмор и за награди на вработените од 2014 до 2017 година, така што само во последните три години по овој основ се исплатени осум милиони денари. Ги преземаме сите мерки и наплатата од 60 проценти ја зголемивме на 75 отсто, вели Трајков.

Една од причините за проблемите со финансиската состојба на претпријатието е што во изминатите десетина години не било преземано ништо за наплата на долговите на правните субјекти. Според книговодствената евиденција, „Солидарност” има ненаплатени побарувања од околу 50 милиони денари, во кои влегуваат и неплатените сметки на граѓаните, при што голем дел од нив се застарени.

Поради неповолната финансиска состојба, вработените во виничкото комунално претпријатие пред два дена на своите сметки добија само по 100 денари од мајската плата, а причината за тоа била да се задржи редовноста во плаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ