Станува збор за мала, компактна машина, комплетно електрично возило со етикетата на „Грин машинс“ (Green Machines), кое работи со нула емисии на штетни гасови, нула вибрации и нула врева. Во предниот дел има универзален адаптер, кој овозможува поврзување со сите типови приклучоци на електрични алатки што постојат на светскиот пазар. Со ваквите неверојатни перформанси и можности, може да се користи 24/7, цела година, и на студените нордиски температури и на жешката клима на Бахамите.
GM200ze може да се користи и на отворен и во затворен простор. Погодно е за паркинзи, градини, магацини, плоштади, трговски центри, забавни паркови, туристички комплекси…

„Со години „Брако“ се стреми да придонесе за значително почиста средина, улици и градови. Потврда за тоа е нашето скорешно целосно преминување на зелена енергија, без користење на фосилни горива, со нула загадување. Што се однесува, пак, на „Грин машинс“, екологијата е вградена во мисијата на оваа наша компанија и сите возила што се дизајнираат, произведуваат и се извезуваат од овие погони се карактеризираат со напредни, високотехнолошки перформанси, еколошки и софистицирани“, вели Иле Атанасов, директор во „Брако“.
Освен со различни приклучоци, GM200ze може да се персонализира и со цела палета батерии, кои овозможуваат користење на возилото еден цел ден или повеќе денови во низа. Исто така, може да се користи како огромен извор на енергија за други е-алатки. Дефинитивно, тоа е машина создадена за сите што се грижат за животната средина, велат од „Брако“.






