среда, 15 април 2026

Најавен е договор за интерконекција за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција

Објавено на

часот

Сподели

За одржливоста на проектот ќе се прават испитувања на пазарот, а изградбата би почнала на почетокот на 2022 година. Конечната одлука за инвестиција за изградба на интерконекција на системите за природен гас меѓу Грција и Македонија се очекува да биде донесена во текот на годината.

Цевководот ќе биде долг 54 километри со почетна точка од Неа Месимврија и ќе овозможи снабдување на соседната земја со природен гас преку Грција, користејќи ја инфраструктурата на гасоводот и течен природен гас на ДЕСФА. За проектот веќе е потпишан меморандум за соработка помеѓу менаџментот и Национални енергетски ресурси од Македонија во октомври 2016 година.

„ДЕСФА се надева на финансирање на проектот од европски извори, и покрај одлуката на ЕУ да престане да финансира проекти поврзани со фосилни горива. За таа цел, се прават напори од страна на администраторите на Јужна Европа со цел да имаат преоден период на финансирање до 2030 година“, соопшти грчката енергетска компанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ