Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Јуромани ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.
Наградите за извонредност се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди во глобалната банкарска индустрија.
Јуромани е меѓу најпрестижните списанија во финансискиот свет.
Во 2020 година Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот Д’банкер (The Banker). Со последното признание уште повеќе се потврдуваат силните перформанси и цврстината на капиталот на банката, соопшти Комерцијална банка.






