среда, 15 април 2026

Бројот на откази во текстилната индустрија расте, се затвораат фабрики

Објавено на

часот

Сподели

Кристина Ампева, претседателката на „Гласен текстилец“ вели дека има работодавци кои незаконски им делат откази на работниците по основ на кршење на ред и дисциплина, по што ништо не им следува на работниците, но има и работодавци, кои ги запазуваат сите закони, па на работниците поради лошата финансика состојба им даваат откази поради деловни причини, а заминуваат со испратнини и добиваат паричен надоместок од Центарот за вработување.

Лани од март до септември без работа останаа 7.000 работници, а и за годинава се претпоставува дека бројката е иста. До септември ќе се знае точната бројка, а и тоа кои од текстилните фабрики ќе опстанат на пазарот.

Работниците кои ќе останат без работа мора да имаат здравствено осигурување, вели Ампева.

Сопствениците на текстилните фабрики во источниот дел од земјата велат дека производството им е намалено, дека веќе немаат нарачки, немаат репро материјали, па времениот прекин на работата на фабриките е неминовен, а некои од нив наскоро најверојатно и ќе пропаднат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ