Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.
Еуросупер БС – 95 71,00 (денари/литар)
Еуросупер БС -98 73,00 (денари/литар)
Еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,880 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот намалувањето е за 4,31%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,365%, соопшти РКЕ.






