„За празникот, на име доброволни прилози од верниците собрани се вкупно 2.415.500 денари, кои јасно говорат за довербата, посветеноста и верската зрелост на нашите верници. Годинава бележиме значаен раст, што го одразува не само чувството на колективна одговорност, туку и силата на нашите институции кога се водат со транспарентност, визија и интегритет, вели Орхан Зенго секретар на муфтиството.
Најголем процент од собраните средства се во Дебар, 859.200 денари, што е разбирливо по бројот на жители, потоа во селaта Требиште 350 илјади, Могорче 261.400, Скудриње 226.600, Ростуше 164.400, Велебрдо 152.900, додека во останатите села износот се движи до 93 илјади денари.
„Овие бројки се многу повеќе од финансиски резултати. Тие се жив показател за постојаната доверба на граѓаните во работата и сериозноста на Дебарското муфтиство, како и мотив да се продолжи со посветеност на патот на служење на верата, верниците и заедничката благосостојба. Им благодариме на сите имами, џамиски одбори и на верниците од Дебарското муфтиство и во дијаспората за нивниот придонес“, додаде Зенго.
Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.






