четврток, 26 март 2026
Собир во Трново

Ефтим Митревски: Бугарија пари фрли, ама Македонците во Албанија ќе останат Македонци

Пари фрлија за да нѐ поткупат. Не  можат. Не  успеа намерата на Бугарија да ги поткупат Македонците во Албанија за да се пишат Бугари. Македонците во Албанија останаа и ќе останат сто години признати од албанската држава како Македонци, рече потпретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија, Ефтим Митревски обраќајќи се на 54. Семакедонска средба во во Трново.

Ефтим Митревски

Објавено на

часот

Сподели

„Во Албанија само поддршка дајте ни, никој не може да нѐ промени од светото македонско име. Се обидоа на секаков начин. Македонците од Гора, Голо Брдо и низ сите градови во Албанија ќе останат Македонци“, рече Митревски.

Александар Јаневски, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на собирот рече дека договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година се продолжение на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година.

„Со нив се легализира окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кој продолжува и денес. Бараме безусловно еднострано раскинување на договорите со Атина и Софија и безусловно еднострано распуштање на комисиите со Грција и Бугарија за ревизија на македонската историја. Бараме Софија и Атина да ги признаат Македонците, македонскиот јазик и државата Македонија. Ја отфрламе француско-бугарската преговарачка рамка од 30 јуни 2022 година за членство на Македонија во Европската Унија, го отфрламе Протоколот од 17 јули 2022 година за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година. Остануваме со барањето до Генералното собрание на Обединетите Нации да ја продолжи почнатата, а незавршена расправа од 1948 година, со донесување на Резолуција за децата Македонци бегалци од Граѓанската војна во Грција“, рече Јаневски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ