Тој напомена дека ДИК неколку пати им укажала на изборните органи како да се однесуваат во однос на македонските медиуми.
„Неколку пати од страна на ДИК им е укажано и ви стоиме на располагање ако имате таккви потешкотии при известувањето на терен, да ви помогнеме во тој дел. Секако, известувањето од терен сноси права и одговорности, но и правила на игра кои се однесуваат и на изборните органи и на новинарските екипи – да не го попречуваат изборниот процес и да не ја загрозуваат тајноста на гласањето“, истакна Шабани, одговорајќи на новинарско прашање во врска со попреченоста на работата на новинарските екипи во избирачкото место 2918 во Чаир.






