петок, 14 ноември 2025
Локални избори 2025

ДИК: До 13 часот излезноста е 20,12 отсто

Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристгнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.

Објавено на

часот

Сподели

Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.

„Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива Палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти“, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.

Во Град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.

„На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто“, истакна Тодоровска Алексовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ