ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари

Пожар денеска изби во депонија во скопската општина Шуто Оризари. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) запалена е машина за мелење железо, но пожарот веќе е ставен под контрола.

часот

„На 112 добиенa e пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на улица 1675 бр. 24, Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенира со две противпожарни возила“, соопшти ЦУК.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али вели дека според информација од Регионалнито центар за управување со кризи на град Скопје, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ