четврток, 14 мај 2026

Чучуљ не сака да коментира зошто Обвинителството ја затвори истрагата за набавка на мазутот за ТЕЦ Неготино

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

„Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со мазутот имајќи предвид дека Државната комисија не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството. Ние сме на став дека треба да има поголема соработка на ваквите тела, како Комисијата со Обвинителството, особено и во фазата на подготвување на иницијативите, за тие да бидат поиздржани“ истакна Чучуљ одговорајќи на новинарско прашање дали е изненаден од ваквата одлука на Обвинителството.

И во врска со иницијативата на ДКСК за случајот со мазутот, која беше отфрлена, Чучуљ потенцира дека таква е одлуката на Обвинителството.

„Тоа е одлука на Обвинителството, а и иницијативата беше од претходниот состав на ДКСК. Не би се впуштал да ја коментирам одлуката на Обвинителството“, нагласи претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ