Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М вчера, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус –изборни дебати, премиерно емитувана на 17 октомври реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.
ТВ Шутел на 18 и 19 октомври за време на двата дена од изборниот молк, емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите, односно емитуваше музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.






