среда, 19 ноември 2025

Алиу: Супспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство

Процесот на реорганизација на специјализациите ќе придонесе за две работи, прво ќе има општа специјализација, четири или пет години, ќе има кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ супспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Објавено на

часот

Сподели

Тренд во светот, посочи тој, е организирање на здравствениот систем врз основа на барања и инфраструктура.

„За жал кај нас во тој период најверојатно е направен „копи пејст“ од ЕУ директивите за специјализации, а нормално после 15 години да се ревидираат уште еднаш и во моментов тоа го правиме и за месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем“, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија и нејзината амбуланта каде на граѓаните денеска им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии во рамки на отворениот ден на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светски ден на мозочниот удар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ