сабота, 30 мај 2026

Вечерно бесплатно кино со филмови од Бранко Гапо

Објавено на

часот

Сподели

„Ги покануваме љубителите на филмот да присуствуваат на овие бесплатни летни кино вечери и да уживаат“, повикуваат од велешкиот театар кој е организатор на ИФАД „Стоби 2021″.

Филмовите се придружна програма во рамки на програмата на ИФАД „2021″.
Оваа е можност повозрасните велешани да се потсетат кога до пред 20 години во градот се прикажуваа филмови на отворено, а помладите за првпат да гледаат кино на отворен простор.

Повозрсните велешани се сеќаваат на поранешните две кино сали на отворено, едната која е во склоп на Киното „11 Октомври”, а другата ви склоп на киното „Вардар” која воедно беше старата зграда на велешкиот Народен театар.

Затворените две кино сали на отворено веќе со години се руинирани, запуштена и пропаѓаат. Онаа кај велешкиот театар, заедно со театарската зграда наскоро треба да се урне, а Општината според својата одлука на тоа место да изгради станбена зграда

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ