Сара Ферро од екипата на патувачкото кино на Македокс изјави дека е одлично чувството по првите два викенда. Проекциите биле полни, публиката задоволна. На проекцијата во Штип присуствувала филмска екипа од прикажаниот документарец „Сите ќе умреме“ – режисерот Сашко Потер Мицевски, продуцентот Илија Тирицовски, монтажерката Сандра Ѓоргиева и главниот лик на филмот, Зоран Сичев.
„Се создаде одлична атмосферa и уште еднаш ни се потврди важноста на дисперзирањето на културата низ целата држава. Се надеваме дека овој викенд во Кочани и последниот во септември во Виница ќе поминат исто толку добро колку и првите два“, истакна Ферро.
Видеохрониките од Кратово и Шлегово, како и од Штип, се достапни на јутјуб-каналот на Македокс.
Патувачкото кино на Македокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм, Центарот за развој на Источен плански регион и од општините каде што гостува (Кратово, Кочани, Штип и Виница).






