сабота, 19 јули 2025

Oд понеделник, „Со книга на плажа“ со Матица македонска

Традицијата на Матица македонска продолжува. Од понеделник, по 26. пат, „Матица македонска“ почнува со акцијата „Со книга на плажа“. Над 3.000 наслови ќе бидат овозможени со попуст до 70%, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и авториМисијата за афирмација и попуаризација на книгите на македонски јазик кај читателите не запира, а оваа акција овозможува и во летните месеци, кога семејствата се изложени на поголеми трошоци да можат да си овозможат книгата постојано да е дел од нивното секојдневие, велат од Матица македонска.

 

Објавено на

часот

Сподели

Љубителите на книгата и членовите на клубот „Матица“ ексклузивно ќе имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки по исклучително достапни цени. Со цел книгите на македонски јазик и натаму да се сѐ поприсутни во секој македонски дом, попустот ќе се однесува и на најактуелни изданија. Акцент е ставен и на книгите од македонските автори, како и на најновите бестелери од светски познати автори. Оваа година, за акцијата „Со книга на плажа“, Матица македонска има направено голем избор од илјадниците автори, книги и приказни за сечиј вкус – најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија ќе бидат овозможени во книжарницата на Матица македонска.

 

Години наназад, со акцијата „Со книга на плажа“ и со манифестацијата „Книга во секој дом“ на „Матица македонска“ се потврдува дека и во време кога новите технологии земаат најсилен замав, во Македонија има сериозна и бројна читателска публика, која бара книгата соодветно да дојде до неа. „Матица македонска“ настојува да го оствари токму тоа за македонските читатели, за навистина да се овозможи книга во секој дом. Во одреден период, веќе се успеа македонската продукција да биде  застапена со огромни 83%, и во исто време бројот на читатели-членови на „Клуб Матица“ да покажува дека читателската публика е зголемена и за повеќе од 40 пати. Затоа, по оствареното во изминатите години, „Матица македонска“ е мотивирана и подготвена, по манигестацијата „Книга во секој дом“ и со оваа акција на читателите да им овозможи исклучителен избор на наслови и автори, со вонсериски ниски цени.

 

Акцијата „Со книга на плажа“ ќе трае до 20 август. Оваа повеќемесечна акција има најголема традиција меѓу акциите што ги организираат актуелните македонски издавачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ