среда, 24 јуни 2026

Почина Чарли Вотс, тапанарот на Ролинг стоунс

Објавено на

часот

Сподели

„Со длабока така ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс“, објави неговото семејство.

Во пораката се наведува дека тој беше „почитуван сопруг, татко и дедо“ и „еден од најдобрите тапанари на својата генерација“.

Веста доаѓа откако беше најавено дека Вотс ќе ја пропушти американската турнеја на бендот поради медицинска процедура. Вотс претходно се лекуваше од рак на грлото во 2004.

Тој беше дел од Ролинг стоунс од јануари 1963, кога им се придружи на Мик Џегер, Кит Ричардс и Брајан Џонс во групата.

Заедно со него Ролинг стоунс, заедно со Битлси, стана една од групите кои го популаризираа рокенролот низ светот.

Во соопштението на публицистот на бендот се наведува: „Тој почина мирно во болница во Лондон опкружен со своето семејство.

Молиме за почитување на приватноста на семејството, членовите на бендот и блиските пријатели во ова тешко време“.

Во 2016 година Вотс беше рангиран од страна на магазинот Ролинг стоун како еден од 100 најдобри тапанари на сите времиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ