среда, 24 јуни 2026

Петок и сабота Д фестивал во Дојран

Објавено на

часот

Сподели

На фестивалот ќе учествуваат домашни музичари, но и од Велика Британија, Србија и Босна и Херцеговина.

Во петок, на 13 август на Д фестивал ќе го претстави премиерниот настап на Горгон сити (GORGON CITY) – една од велесилите на новата британска електронска сцена и актуелниот „Најдобар артист на месецот“ според реномираниот „Битпорт“ кој им го додели ова признание откако три месеци по ред тие се најпродаваниот изведувач. Станува збор за лондонскиот продуцентски тандем кој се потпишува зад големите хитови од светските топ листи како „Ready for your love“, „Imagination“, „Saving my life“, но и соработките со низа ѕвезди од калибарот на Wyclef Jean, Chris Brown, Rudimental, Clean Bandit, Pete Tong, Duke Dumont, Sofi Tukker и многу други. Истата вечер на Д Фестивал пристигнуваат и несомнено најимпресивната реге-ска-панк екстраваганца и светски најпрепознатливиот бенд од овие простори Дубиоза колектив, најавтентичните музичари од домашната сцена кои на Д Фестивал воедно ќе слават и 25 години кариера, бескрајно имагинативните Фолтин и извонредно талентираниот белградски пост-панк бенд Репетитор.

[video:https://youtu.be/IP12DPZzkzU autoplay:0]

Во саботната вечер на Д Фестивал, на 14 август за затворање на годинашното издание и финале на фестифалското лето кај нас, задолжен е ни повеќе ни помалку туку музичкиот гениј на македонската електронска сцена, маестралниот Кирил Џајковски кој овој настап го најави и како ексклузивна премиера на која пред публиката за прв пат во живо ќе се претстави со својот нов вокалист Rootsman I.

[video:https://youtu.be/0NGbTDFbgxQ autoplay:0]

Програмата и за оваа вечер продолжува со листата сочинета од омилените изведувачи на познавачите на добриот звук, па покрај Џајковски, главната бина на Д Фестивал ќе има чест да биде домаќин и на гордоста на македонскиот металкор и основоположник на стилот, врвните лајф професионалци Смат (SMUT), неприкосновениот уметник кој е синоним за квалитет и интегритет на македонскиот хип хоп Страјк, но и неговиот пандан од соседството, ултимативниот мајстор на римите и гласот на бунтовната генерација од белградскиот асфалт, Смоке  Мардељано, како и новиот проект на култните уметници од македонската алтернативна сцена 21 век.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ