среда, 24 јуни 2026

Мултимедијалени фестивал „Кокино – тврдина на сонцето“ за три дена, 20 концерти и стотина уметници

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на перформативната програма на фестивалот ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската сцена, вклучувајќи ги и концертите на: „Љубојна“, Дина Јашари, Тони Китановски, „Фулиш грин“, Драган и Ратко Даутовски, „Перија“, Сашо Гигов Гиш, „Сетстат“, „Летечки Пекинезери“, Џенгиз Ибрахим, „Чалгија Саунд Систем“, „21 Век“, „Тока Шитет“, Јон Ајди, диџејските сетови на Горан Кан, Флудер, Чарли и уште многу други музички изведувачи.

Покрај концертите, програмата на овој специфичен настан вклучува и театарски перформанси, кино-проекции, но и едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, стрип изложба, ракотворби…

„Во сите сегменти на настанот, секое ќоше ќе говори за сопствената историја, за уметноста инспирирана од вековите пред и по настанувањето на Кокино, до денес. Мноштвото активности и перформанси кои сред магичниот природен амбиент во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија ќе ни ги претстават стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво“, велат организаторите oд Пасворд продакшн.

Почетокот на програмата е во петок, 17 септември, во 16:30 часот, а ќе трае до 23 часот вечерта. Во сабота и недела, 18 и 19 септември, посетителите имаат вистински ретка прилика да го поминат денот на Кокино во прекрасното природно опкружување оплеменето и со програмата на Фестивалот која ќе се одвива од пладне, 12 часот па до зајдисонце, 19 часот.

Влезот е бесплатен со регулиран пристап до локацијата со возила, а ќе биде организиран и автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили.

Проектот „Кокино – тврдина на сонцето“ се одржува со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност.        

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ