В среда, на 18 август во 11 часот во ресторанот Пелистер, на плоштад „Македонија“, ќе се одржи прес-конференција за најновата винилна програма на Кроациа рекордс и претставување на последниот компакт-диск на Зафир Хаџиманов – „Зафир пее – Македонија пее“.

Четири децении од објавувањето на култниот албум „Пакет аранжман“, но и серија други албуми, кои му припаѓаат на движењето познато како „новиот бран“ („нови вал“, „нови талас“) – „Шарло Акробата – „Бистрији или тупљи човек бива кад…“, како и деби-проектите на „Електрични оргазам“ и „Хаустор“, најголемата дискографска куќа во регионот Кроациа рекордс на почетокот на годинава го реализираше филмот „Нов бран – 40 години подоцна“, на авторот Никола Кнежевиќ.

Тој заедно со белградската новинарка Олга Кепчија (радио-водителка на Београд 202), за таа прилика направи серија интервјуа со главните актери кои беа дел од приказната, новинари, музички продуценти, дизајнери, дискографи…, и со помош на CMC ТВ тоа беше склопено во филм, со времетраење од 101 минута.
Филмот веќе беше претставен во Белград, на „Мартовскиот фестивал“, како и на „Dok’n’Ritam“ фестивал во српската престолнина, и во Крагуевац, во рамките на Арсенал фест.

По цели 30 години, Кроациа рекордс в среда ќе ја претстави актуелната винилна програма – винилите од „Нови вал“, „Индекси – Модра ријека“…, како и компакт-дискот „Зафир пјева, Македонија пјева“.






