сабота, 18 јули 2026

Во Москва отворена изложба „Руските архитекти во Скопје 1920-1940“

Објавено на

часот

Сподели

Автори на изложбата се Јасминка Намичева, кустос советник од Музеј на град Скопје, и Екатерина Намичева Тодоровска-асистент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, додека куратори се Татиана Јуревна Иринархова и Дарја Александровна Жмилева –од Домот за руската емиграција во Москва. Поставената изложба, по завршувањето на претставувањето на во галеријата на Домот, ќе биде поставена и како виртуелна изложба на интернет страницата на музејот.

На свечената церемонија пред московската публика, со поздравна реч се обрати заменик директорот на Домот на руската емиграција, Игор Владимирович Домнин, кој истакнувајќи го значењето на изложениот документарен материјал, го изрази  задоволството од почетокот на соработката помеѓу двете држави. Јасминка Намичева, која исто така се обрати на отворањето, истакна дека скопските архитекти со руско потекло се еднакво значајни за обата народи како дел од нивното културно наследство,  како дел од архитектонската култура на Скопје, но и за културните траги на  руската дијаспора во градот. Тие се своевидни мисионери на културата, и претставувале мост помеѓу руската култура и културата на народите онаму каде што се населиле. Токму тие мостови се обидуваме сега да ги одржиме со претставувањето на оваа изложба, рече Намичева.

На изложбата се поставени 20 паноа со фотографии од архивски документи, архитектонски планови и фотографии; 3Д реконструкции од објекти кои повеќе не постојат, документарни филмови и фотографии од објекти проектирани и изградени од руските, но истовремено и скопски архитекти кои живееле и работеле во Скопје во периодот 1920-1940год. Претставениот материјал е резултат од долгогодишниот истражувачки проект на авторите на поставката, во кој делата на десетина руски архитекти и инженери за прв пат се прикажуваат во еден интегрален труд.

Објавени се биографиите и делата во Скопје на десетината архитекти и инженери: Иван Артемушкин, Борис Дутов, Константин Хоменко, Ефраим Бронштајн, Евгениј Дацков, Михаил Дворников, Вјечеслав Бујко, Николај Бурхановски, Николај Никушкин, Ваган Карагањан, Михаил Матвеев, Василиј фон Баумгартен, Иван Рик, Виктор Лукомски, Петар Анагности, Василиј Андросов, Григориј Самојлов и Николај Краснов, се прикажани со околу 200 докумети, кои се екстракт од собраните повеќе од 1.200 архитектонски проекти. Особено внимание и простор во презентацијата е обрнато на делата на двајцата најпродуктивни архитекти за Скопје-Борис Дутов и Иван Артемушкин, чија што архитектонска продукција за Скопје е од особено значење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ