вторник, 14 април 2026

Скулпторот Џезаир Реџепи на Гостивар му подари скулптура

Објавено на

часот

Сподели

На церемонијата за откривање на скулптурата, наречена „Метафора на слободата”, присуствуваа повеќе уметници од градот. За идејата да го подари ова дело, Реџепи рече дека со ова сака да поттикне други автори да прават уметнички дела за отворен простор.

„Иако во Гостивар има многу уметници, сепак нема многу уметнички дела на отворен простор. Сметам дека со уметност се облагородува просторот во кој престојуваме, особено кејот на Вардар и тој да стане своевидно уметничко катче“, рече Реџепи.

Изработката на скулптурата финансиски е поддржана од Министерството за култура, а авторот ја работеше една година.

Благодарност во име на локалната власт и граѓаните искажа претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

„Ова е еден гест со кој се создава попријатен амбиент за гостиварци, но и подигање на културното ниво. Посакувам ова да биде мотив и за други уметници да творат слични проекти“, рече Лимани.

Џезаир Реџепи е дипломиран скулптор на Државниот универзитет Тетово и е вработен во Конзерваторскиот центар во Гостивар. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ