среда, 15 април 2026

Изложба на репродукции на најпознатите портрети на Рафаело Санти

Објавено на

часот

Сподели

Македонската јавност ќе има ретка можност да ужива во музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии: Галериите Боргезе и Барберини во Рим, Галериите Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Оваа изложба започна да го обиколува светот во 2020 година со цел одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.

,„Raffaelo: Opera Omnia” до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Приштина.

Изложбата е во соработка со Италијанска амбасада и ќе биде отворена за посетители до 20.12.2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ