
Книгата е мала енциклопедија од 99 „несоници “ посветени на видни уметници низ историјата на човештвото: скулптори, сликари, фотографи, музичари, артисти, писатели, поети, фотографи, синеасти…
Поетот, есеист и преведувач Ерол Туфан е роден 1959 година во Гостивар. Во 1992 година се иселил во Турција. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски јазик ги објавил: книгата есеи „Книгољубецот “ (2006 и повторно 2011), книгата поетски есеизации „Несоници “ (2020) и книгите поезија: „Балкански син“ (2013) , „Камчето од Вардар“ (2016 ), „Ликовите во мене “ (2021 ). Изборите „Ерол трагом Ерола“ (2016) и „Књигољубац“ (2017) објавени се на српски јазик во Белград. Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија/Melankoli“ (2020) објавена во Скопје. Во Истанбул во печат му е стихозбирката на турски јазик „Hülya bitince“ . Член е на ДПМ, УКС и ТФП.






