петок, 22 мај 2026

Струмиче – Блаже Конески

Објавено на

часот

Сподели

Струмиче

 

Еве ќе развијат в бавча струмичињата.

(Така, по наше, ги викаме хризантемите).

Набабрува споро жолтиот напон на нивниот цут,

уште е тој како стиснато детско раче.

 

Мое струмиче,

ти го пречека со треперлива мисла

овој човек

што зачекорил кон староста.

Јас сум тој што ја откри убавината на твоето

чело,

мекиот повев на влакненца по двете слепоочници;

но ти се исправаш со самосвеста става,

со меки жолти реси во чудна чистота.

Се оцртува твојот лик во проарачниот воздух

на есента —

и немам јас право, не можам ни да ја допрам

чистата душа што ме надраснала.

 

Минаа така убавите денови на оваа есен.

Многу те засакав,

а сум беспомошен да задржам макар привид

на среќа.

Залудно вети да ги снема моите тажни песни —

шумоли есента, вене, сета во моите жили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ